Општина Гази Баба објави јавен оглас за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, со цел поддршка на креативните, иновативни и одржливи проекти што ќе се реализираат на територијата на Општината и ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Средствата се наменети за проекти од јавен интерес во повеќе приоритетни области, меѓу кои граѓанското општество и демократизацијата, човековите права и еднаквите можности, здравството, образованието, предучилишното воспитание, социјално-хуманитарната дејност, младите, спортот, екологијата, информациите и меѓународната соработка, соопштија од локалната самоуправа.

Од Општината додаваат дека континуирано ја препознаваат улогата на граѓанскиот сектор и ја зајакнуваат соработката со здруженијата и фондациите како партнери во креирањето и спроведувањето на локалните политики.

– Преку овој јавен повик, ја потврдуваме нашата определба за партнерски однос со граѓанските организации, со заедничка цел: одржлив локален развој и активно учество на граѓаните во општествените процеси – истакнаа од локалната самоуправа.

Рокот за поднесување на пријавите е 4 февруари 2026 година.

ИЗДВОЕНИ