Според Чавковски, со новата година влегуваме во нов деветгодишен циклус, кој ќе ни донесе позитивни промени. Токму тој податок ги поттикна серијата прашања, почнувајќи од глобалната геополитичка сцена, па сè до индивидуалните очекувања како да ја дочекаме 2026 подготвени – ментално, материјално и духовно? Вистинските одговори на овие прашања, се разбира дека не ги знае никој, но затоа весникот ВЕЧЕР заедно со популарниот македонски јасновидец се обиде да ги разгледа работите од еден малку поинаков агол. „Штотуку заврши еден тежок, макотрпен и драматичен циклус од девет години, како на локално така и на глобално ниво. Оваа, 2026 година, започнува нов циклус, нумеролошки одбележана со бројот 1, што ќе значи подигање на свеста кај луѓето и нови духовни вредности. Влегуваме во период каде што промените не доаѓаат од врвот, туку од средината и однатре. Ќе има сериозни институционални промени, но и тивко преструктуирање на вредностите. Помалку демагогија, повеќе докази и дела. Тоа е тоа што ни треба –смисла, стабилност и достоинствен живот, вели нашиот инспиративен соговорник.

Пред точно десет години, во новогодишниот број на весникот ВЕЧЕР за 2016 година, јасновидецот и психолошки терапевт, Борис Чавковски Калонис,предвиде дека светот влегува во период на долготрајна нестабилност, дека ќе се чувствува замор од брзи промени и ќе се случи постепено враќање кон внатрешните вредности. Ќе остане запаметено неговото предвидување за промената на името со географска одредница, како што и се случи, како и влезот во НАТО.

И денеска, по цела деценија, на прагот на годината, кога Чавковски прославува 36 години активно занимавање и работа на полето на алтернативната медицина, езотеријата и јасновидството,повторно го прашуваме како ја гледа годината што ни претстои.

–Категоријата време не постои, него го измислија луѓето на земјата за да можат да го измерат своето чекање…, беше првиот коментар при средбата во Галеријата за позитивна енергија „Езотерика“, во малото катче од Трговскиот центар „Веро –Џамбо“,кое блеска од позитивна атмосфераи од енергијата штоја поттикнуваат „дигитал арт” сликите на платно.


Според Чавковски, од Нова година влегуваме во нов деветгодишен циклус, кој ќе ни донесе позитивни промени. Токму тој податок ги поттикна серијата прашања почнувајќи од глобалната геополитичка сцена, па сè до индивидуалните очекувања како да ја дочекаме 2026 подготвени – ментално, материјално и духовно? Дали ќе има придвижување на патот кон ЕУ? Кој знак или предупредување не смеат да се игнорираат во 2026? Дали 2026 е добра година за големи лични одлуки? Што ќе ги изненади луѓето, а никој не го очекува?…Вистинските одговори на овие прашања, се разбира дека не ги знае никој, но затоа весникот ВЕЧЕР, заедно со популарниот македонски јасновидец, се обиде да ги разгледа работите од еден малку поинаков агол.

– Штотуку заврши еден тежок, макотрпен и драматичен циклус од девет години,како на локално, така и на глобално ниво.Оваа, 2026 година, започнува нов циклус, нумеролошки одбележансо бројот 1, што ќе значи подигање на свеста кај луѓето и нови духовни вредности.

Влегуваме во период каде што промените не доаѓаат од врвот,туку од средината и однатре. Ќе има сериозни институционални промени, но и тивко преструктуирање на вредностите.Помалку демагогија, повеќе докази и дела. Тоа е тоа што ни треба–смисла, стабилност и достоинствен живот, вели нашиот инспиративен соговорник.

Решавање на војната во Украина со примена на југословенскиот модел

2026 година ни носи прекројување на мапата на светот и ново „делење на картите“. Средината на годината носи конечно решавање на војната во Украина. Епилог: Поделба на Украина со примена на југословенскиот модел. Источниот дел ѝ припаѓа на Русија.

Европа и Унијата сè повеќе тонат во економска и политичка криза, ќе ги тресат бројни финансиски скандали, ќе има протести– луѓето ќе излезат по улиците.

Тактизирајќи со двојните аршини за Западен Балкан, сè повеќе ќе се актуализира антиевропската идеја во овие земји. Сè почесто ќе се слуша паролата „НЕ за ЕУ”. Затоа, следните години ќе бидат во знакот на реорганизација на Европската Унија и ќе се прават напори за нејзин опстанок, кој напати ќе биде доведен во прашање.

Сигнали за затоплување на односитеод нашето соседство

На повидок е појава нанов компромисен договор со Бугарија. Многу заташкани историски вистини ќе испливаат на површина.

Во Србија ќе стивнат тензиите, ќе има избори, но Александар Вучиќќе остане и понатаму доминантен на политичката сцена.

Во Албанија ќе се одвива слично сценарио, но и таму крилото на Еди Рама останува на власт.

Обид за дестабилизација ќе се појави и во Унгарија, каде на „тапет“е Виктор Орбан, но акцијата ќе биде неуспешна.

Уште еден обид за атентат на Трамп

На светската сцена ќе се случи уште еден драматичен атентат на претседателот на САД,Доналд Трамп. За разлика од претходните обиди кои беа навреме спречени, а еден заврши само со мала повреда на увото, овојпат ќе биде многу пожестоко. Сè уште е неизвесно дали американскиот претседател овој пат ќе успее да се спаси.

 

Почнува процес на придвижување напредВладата на Мицкоски останува стабилна

Во Македонија, Владата на Христијан Мицкоски ќе остане стабилна, и покрај малите козметички реконструкции кои, најверојатно, ќе се случат во втората половина од годината.

Почнува процес на придвижување напред, на економски пораст, нови инвестиции, нови проекти, како и завршување на започнатите активности. Курсот на денарот и натаму останува стабилен.

 

Скопскиот градоначалник пред сериозни предизвици

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓоргиевски, ќе биде пред сериозни предизвици со кои ќе успее успешно да се справи.

Ќе бидат усвоени нови проекти за градот, а ќе се довршуваатсите стари кои беа заборавени.

Во следните две години ќе видиме видливи резултати на терен,а тоа, пак,ќе му обезбеди и втор мандат што е добар знак за сите нас во главниот град.

Прво појавување по молк од десет години

За разлика од минатите години, вклучувајќи го и времето на короната,па сè до трагедијата во Кочани оваа година, за среќа, нема да имаме такви трагични настани. Мојот нескриен оптимизам за периодот што ни претстои е вистинскиот повод за овој разговор, а самото мое појавување токму сега го објаснува и мојот „молк“ во изминативе 10 години. Последното интервју за весникот ВЕЧЕР беше во 2016.Сèшто проживеавме во изминативе години, едноставно,не ќе можев да ги соопштам јавно, вели Чавковски.

Тој во неговата богата кариера им помогнал на илјадници луѓе во решавањето на нивните тешкотии и проблеми…Вели, тоа ќе правии во иднина… засекогаш.

– Бесценето е чувството кога ќе им помогнеш на луѓето што се во неволја,кога правиш нешто добро за некој друг, посебно кога ќе се добие благодарност од тие луѓе, исто како што и јас секојдневно му благодарам на Бога за талентот што ми го дал и за животот што го живеам, вели Чавковски. Додава дека „Езотерика“ е врвот на неговата иновативна енергетска терапија.

Езотерика“ е прва продавница за позитивна енергија

–Тоа се слики, полускапоцени камења, литература, разни украсни предмети кои привлекуваат благосостојба, материјално изобилство, среќа, љубов, добро здравје… Моите фреквентни платна како уметнички слики кои ги изработувам се достапни за секого и за сечиј дом. Без лажна скромност ќе кажам дека мојата новоотворена Галерија „Езотерика –продавница за позитивна енергија“ се наоѓа во најпосетениот дел од „Веро –Џамбо“. Таа е композиција од мноштво симболи со боја што претставува фреквенција и јазик на Универзумот, кој успешно успеав да го пренесам на платно и е ексклузивно достапно за сите. „Езотерика“ е единствена од овој тип овде во Македонија во Европа, па и пошироко… раскажува нашиот домаќин, а нам не ни требаше дополнително објаснување бидејќи бевме дел од хармонијата на просторот што беше само поттик за разговор со нашиот инспиративен соговорник. (E.A)

 

ИЗДВОЕНИ