Предводникот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус (49), ќе остане на клупата на турскиот гигант и во наредните три години.

  • Неговиот придонес за нашите историски успеси е еден од најголемите. Постигнавме тригодишен договор и тимот и оваа година чекори кон големи цели – соопштија од Фенербахче.

Јасикевичиус е на чело на Фенербахче од 2023 година, кога пристигна од Барселона. Во Истанбул го имаше најуспешниот период од својата тренерска кариера, откако минатата година ја освои титулата во Евролигата.

ИЗДВОЕНИ