Тренерот на Фенербахче, Шарунас Јасикевичиус, јасно и гласно го кажа своето мислење за новиот формат на Евролигата. Оваа сезона составот е проширен, има повеќе двојни кола, распоредот е брутален, а целиот товар го носат играчите, кои сè повеќе и повеќе се повредуваат. Не е тајна дека ова е сезона со најголем број повреди.

  • Во европската кошарка и во кошарката воопшто, не можеме да играме пет натпревари за девет дена, а во текот на сезоната има четири такви секвенции. Играчите едноставно се истрошени во одредени ситуации, ментално и телесно, тие се на врвот од исцрпеноста. Од една страна, разбираме зошто го правиме ова, со 20 екипи. Од друга страна, уништуваме играчи. Значи, очигледно е дека мора да се направи нешто – беше јасен Шарунас Јасикевичиус.

ИЗДВОЕНИ