Еден од најжестоките НФЛ-играчи во историјата, Американецот Макс Крозби, има српски корени. Неговата мајка е родена во Никшиќ, а во една емисија, се спореди со најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ, и тоа на – дискутабилен начин.
- Сакам тепање, ја сакам кошарката. Половина сум Србин, половина Албанец, па се чувствувам како да сум сличен на Никола Јокиќ, изјави Крозби, поради што го собра гневот кај Србите.
Медиумите кај нашиот северен сосед веднаш нагласија дека Јокиќ е Србин и дена нема никаква врска со Албанија, а исто така и дека не е некој што сака тепачки.
- Пред сè, Јокиќ е Србин и нема никаква врска со Албанија, а не е познат како некој што сака да се бори. Покрај тоа, коњските трки се често пред кошарката кога станува збор за емоции, па затоа оваа споредба од Крозби е многу, многу дискутабилна, пишува „Курир“.
Крозби моментално игра за Лас Вегас Рејдерс, а во НФЛ е од 2019 година.
Инаку, новата сезона во НБА-лигата стартува ноќта меѓу среда и четврток, а американските кошаркарски стручњаци објавија листа на најдобрите стартни петорки во лигата. Очекувано, прва на оваа листа е онаа на актуелниот шампион Оклахома, кој во ударната петорка ги има Шеј Гилџес Александер, Лу Дорт, Џејлен Вилијамс, Чет Холмгрен и Ајзеа Хартенштајн. Веднаш зад нив е тимот на Денвер предводен токму од Никола Јокиќ, кој крај себе во стартната петорка ги има Џамал Мареј, Кристијан Браун, Кем Џонсон и Ерон Гордон.