„Јас сум единствениот идиот овде“

312
epa12148217 Dejected fans of Inter during the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Internazionale Milano in Munich, Germany 31 May 2025. PSG won 5-0. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Неверојтна сцена се случи по враќањето на играчите на Интер во Милано по тешкиот пораз од 5:0 од ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите. Иако до неодамна се бореа за трофеи на сите фронтови, Интер ја заврши сезоната буквално со празни раце.

„Нероазурите“беа елиминирани од Купот на Италија од градскиот ривал Милан во полуфиналето, титулата во италијанското првенство им беше одземена од Наполи во самиот финиш од сезоната, а Лигата на шампионите заврши со срамен пораз во Минхен. Сезона која требаше да биде историска за Интер се претвори во разочарувачка серија неуспеси.

Симболично, враќањето во Милано беше вистински одраз на тој пад. Според „Газета дело Спорт“, играчите на Интер на аеродромот „Малпенса“ биле пречекани од само еден навивач. Се вика Марко и тој се согласи да разговара со италијанските медиуми. „Јас сум единствениот идиот овде“, рече Марко горчливо, но додаде: „И покрај сè, овие момци заслужуваат аплауз.“

Атмосферата меѓу играчите беше мрачна. Тие поминаа меѓу терминалот и автобусот во тишина, без збор или поглед кон некого. Никој не очекуваше ваков крај на сезоната, освен можеби навивачите на Милан. Да беше резултатот во финалето поинаков, улиците на Милано ќе беа полни со навивачи. Наместо тоа, ги пречека само еден човек – и горчлива тишина.

 

ИЗДВОЕНИ