Јапонија првпат одобри продажба на апче за „утро потоа“ без рецепт

112

Јапонија за прв пат ја одобри продажбата на итна контрацептивна пилула „утро потоа“ без рецепт, објави фармацевтската компанија ASKA.

Компанијата соопшти дека поширокиот пристап до апчето ќе „ги овласти јапонските жени во областа на репродуктивното здравје“, објавува „Би-би-си“.

Датумот кога ќе биде пуштено во продажба сè уште не е објавен, а апчето ќе биде означено како „лек што бара упатства“, што значи дека жените мора да го земаат во присуство на фармацевт.

Апчето за  „утро потоа“ е веќе достапно без рецепт во повеќе од 90 земји и е наменето за спречување на несакана бременост и обично мора да се земе во рок од три до пет дена од незаштитен секс.

Весникот „Маиничи Шимбун“ објави дека нема да има ограничувања во возраста за купувачите, ниту пак ќе биде потребна согласност од родителите при купување на таблетата.

 

ИЗДВОЕНИ