Јапонија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 5,3 степени- не е издадено предупредување за цунами

16

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Јапонија денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот е пријавен на отворено море, источно од островот Хоншу, на 144 километри од градот Мијако и на длабочина од 10 километри.

Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

ИЗДВОЕНИ