Одбојкарките на Јанта Волеј се на чекор до пласман во најквалитетното европско клупско натпреварување – Лигата на шампионките. Тие успешно ја минаа првата пречка во квалификациите совладувајќи го на два пати шампионот на Босна и Херцеговина, тимот на Гацко. Откако во Скопје го победија во пет сета, одбојкарките на Јанта волеј славеа со 3-2 (26:24, 21:25, 19:25, 25:18 и 15:13) и на гостувањето во Требиње.
Со оваа победа, Јанта Волеј се пласира во третата квалификациска рунда, каде ќе се соочи со францускиот Волеро ле Кане. Првиот натпревар е закажан за 5 ноември на домашен терен, додека реваншот е една недела подоцна. Македонскиот претставник ќе има нова шанса да го потврди својот квалитет на европската сцена.










