Јанкулоска: Судот во Стразбур отвора сериозни прашања за судењето и пресудата против мене

37

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денес објави дека постојат сериозни прашања во врска со документираните повреди на правото на правично судење во предметот против поранешната министерка Гордана Јанкулоска, кој се однесува на набавката на блиндирано возило за потребите на државата.

Во својата објава на Фејсбук, Јанкулоска истакна дека оваа одлука не само што ја потврдува неправедноста и бескрупулозноста на инсталациите на претходната власт во правосудството, туку и укажува дека токму тие инсталации биле најмоќната алатка за остварување на целите на тогашната влада.

ИЗДВОЕНИ