недела, март 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Јанков ќе раководи со Советот за развој на Југоисточниот Плански Регион

Јанков ќе раководи со Советот за развој на Југоисточниот Плански Регион

28

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, е избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот Плански Регион.

На седницата присуствуваа десеттемина градоначалници од Југоисточниот Регион, како и директорот и претставниците на Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион.

Преземајќи ја функцијата, Јанков им се заблагодари на присутните за довербата и порача дека во наредниот период заеднички ќе се насочат кон реализирање на регионалните проекти, кои ќе обезбедат подобар и поквалитетен живот и во руралните и во урбаните средини таму.

Јанков посочи дека фокусот ќе биде ставен на проектите што значат подобра инфраструктура, поуспешен локален економски развој и поквалитетни услуги за граѓаните, притоа нагласувајќи дека само преку заедничка координација и партнерство меѓу општините може да се постигнат трајни и видливи резултати за регионот.

 

ИЗДВОЕНИ