Легендарниот тенисер Роже Федерер ја шокираше јавноста со изјавата дека „организаторите на турнирите ги поставуваат подлогите за играње да бидат побавни за да ги гледаат Синер и Алкараз во финалето“. Тоа предизвика вистинска контроверзија во јавноста и првпат по тој коментар се јави и италијанскиот тенисер Јаник Синер.

Тој делумно се согласува со легендарниот Швајцарец, но не целосно. Тој објасни зошто. Дури и тој би сакал да види одредени промени околу тоа.

  • Тврдата површина е доста слична, има мали разлики на турнирите. Турнирот што ми паѓа на ум е Индијан Велс, бидејќи топката отскокнува високо таму. Но, да, имаме многу слична игра на сите терени. Така е долго време. Не знам дали ќе се промени тоа или не. Јас сум играч што се обидува да се адаптира на најдобар можен начин. Би рекол дека добро се справувам со тоа. Ќе видиме што ќе се случи во иднина – рече Јаник Синер.

Роже беше гостин во поткаст со друг поранешен играч и ривал, Енди Родик. И токму таму тој ја даде изјавата што го доведе тенискиот свет да дебатира.

  • Разбирам зошто организаторите на турнирите ги забавуваат терените. Послабите играчи мора да погодат неколку фантастични удари за да го победат Синер. Да беше побрзо, можеби би можеле да погодат неколку и да освојат поени. Затоа директорите на турнирите размислуваат: „Оууу, сакаме да ги видиме Синер и Алкараз во финалето“. Тоа е нешто што помага во играта, од една страна – рече Федерер во поткастот на Енди Родик.

Тој се надева дека ќе се промени ситуацијата и дека ќе биде поинаква во иднина.

  • Треба да имаме повеќе, не само брзи терени туку би сакал да видам и како се справуваат Алкараз и Синер кога е премногу брзо. А, потоа како се справуваат кога е премногу бавно, како би изгледале ваквите натпревари. Сега речиси сите играат на сличен начин. Организаторите го дозволија тоа со брзината на топката и на теренот и секоја недела е практично иста. Затоа може да дојдат од освојување на Ролан Гарос и на Вимблдон, а потоа да одат на Отвореното првенство на САД и да играат на ист начин – објасни Федерер.

 

 

ИЗДВОЕНИ