Училиштата што не нарачале учебници да ги отпечатат и да им ги дадат на родителите, изјави вечерва министерката за образование и наука Весна Јаневска.
– На училиштата им рековме да нарачаат учебници, но тие не нарачале. Сега казната е што сега тие треба да им ги отпечатат учебниците и да им ги дадат на родителите. Оние родители кои се заинтересирани, па сами тоа го прават, еве ќе речам, издавачките куќи имаат право 10% од учебниците да ги пуштат во слободна продажба по истата цена утврдена со закон по која што ги откупил МОН, рече вечерва во емисијата Вин Вин, министерката Јаневска.
Според неа, ние имаме проблем во целото општество па и во образовниот систем со одговорно однесување.