Јаневска најави Ѕид на срамот за да магистериуми и докторати не се купуваат по 300 евра на огласи

286

Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека во Македонија во иднина ќе постои и тнр. Ѕид на срамот, за изработени дипломски и магистерски трудови. Во одговорот на новинарското прашање на денешниот брифинг до кога ќе се толерира појавата со која преку јавни огласи може да се купи готов магистериум или докторат за 300-500 евра, таа одговори дека се размислува за две новини.

-Размислуваме да направиме една платформа која што сега ја разработуваме и на која целосно ќе ги објавуваме магистериуми и докторати со реценазии и потписи на професорите. Тоа би било нешто што се вика Ѕид на срамот за докторати и магистериуми. Билтените на УКИМ, на Универзитетот „Гоце Делчев“ и другите никој не ги чита. А се зборува дека на разни универзитети и факултети поминуваат докторати и магистериуми кои се на ниво на ученички трудови – наведува министерката.

Според неа, тогаш кога ќе бидат објавени сите трудови академската заедница ќе може да ги критикува тие што треба да бидат критикувани а тие да може да се бранат.

-Мене би ми било срам да ставам свој потпис на нешто што не е вредно. Ни, има и такви луѓе – рече Јаневска.

Втората мерка која се планира е магистерските и дкотрските теми да одат на оглас кај студентите и професорите.

Тоа го има на некои странски универзитетит, како во Антверпен. Кај нас вообичаено менторот ја нуди темата и проект и им ги нудат на студентите. Добрите практики на големите универзитети велат дека Министерството за образование или други објавуваат тоа што и е потребно на земјата. На пример, во областа на медицината да се развие некоја лек или во технологијата да се развие некој нов софтвер. Потоа, на тие теми конкурираат професорите и студентите – објасни Јаневска. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ