Јанчев: Зимската служба при ЈП „Комуналец Кавадарци“ започна со работа

286
Фото:фб

Зимската служба при јавното претпријатие „Комуналец” Кавадарци започна со работа, информираше вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во зимски услови, на терен се ангажирани 3 возила: едно возило е активно на подрачјето на град Кавадарци; второ возило работи на релација Дреново – Бегниште – Ресава – Шивец; Трето возило е распоредено по Бошавијата, на правец Ресава – Бегниште.

Општината Кавадарци упати апел до граѓаните за внимателно движење и почитување на сообраќајните правила, потврдувајќи дека екипите се постојано на терен и ја следат состојбата.

ИЗДВОЕНИ