Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, се огласи на Фејсбук откако ВМРО-ДПМНЕ го објави списокот со имињата на 25 кандидати за градоначалници.
Јанчев изрази благодарност до Мицкоски и за довербата и поддршката и рече дека кандидатурата е обврска, но и чест.
„Драги мои сограѓани,
Со голема благодарност и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата за трет мандат како градоначалник на Кавадарци, од мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.
Искрена благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Hristijan Mickoski за довербата и поддршката. Оваа кандидатура е обврска, но и чест – затоа што заедно со вас веќе осум години испишавме страници полни со дела. Од модернизација на инфраструктурата, преку поддршка за образованието, до создавање услови за подобар живот – застанувам зад сето она што сме го реализирале како тим, како заедница.
Патот на промените продолжува. За заедничката иднина. За Кавадарци што чекори напред со сигурен и цврст чекор.
Нема запирање!
Одиме заедно – за Кавадарци!“, стои во објавата на градоначалникот.