CORTINA D'AMPEZZO, ITALY - FEBRUARY 15: Jana Atanasovska of Team North Macedonia competes during the Women's Giant Slalom on day nine of the Milano Cortina 2026 Winter Olympics at Tofane Alpine Skiing Centre on February 15, 2026 in Cortina d'Ampezzo, Italy. (Photo by Mattia Ozbot/Getty Images)

Најголемата надеж на македонското алпско скијање, Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши трката во велеслалом на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.  Таа по само 22 секунди возење го заврши своето учество на олимписката велеслаломска трка.

Атанасовска сега ја носи тежината како последен македонски претставник на овие Олимписки игри. Нејзиниот настап во слалом е е на 18. февруари и тоа повеќе не е само обична трка, туку последна шанса да се поправи впечатокот од учеството на овие Олимписки игри.

На оваа трка победи Италијанката Федерика Брињоне, откако триумфираше шред Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд.

Претходно во нордиските дисциплини Македонија ја претставија уште двајца олимпијци. На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 83. место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) на трката на 10 километри со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј.Х.Клебо од Норвешка.

Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските олимписки игри Милано и Кортина 2026. Тој претходно настапи и во спринт трката долга 1.6 километри и се пласираше на 89 место. Со време од 3:59.56 минути македонскиот натпреварувач заостана 52 секунди во однос на Клебо од Норвешка кој е фаворит за ново олимписко злато.

Ана Цветановска го заврши своето учество на Зимските олимписки игри во Милано Кортина со пласман на 105. место на трката на 10 километри во крос-кантри. Цветановска имаше стартен број 101 од вкупно 111 пријавени, а десетте километри ги мина за 31 минута, 32 секунди и 4 стотинки, што беше за 8,43 минути послабо време од најбрзата Фрида Карлсон од Шведска. И среброто го освои Швеѓанка, Еба Андерсон, додека трета беше Американката Џеси Дигинс.

ИЗДВОЕНИ