Јамал повторно во неволја, Флик не може да верува што направил

272
epa11870070 FC Barcelona's Lamine Yamal celebrates the opening goal during the LaLiga soccer match between FC Barcelona and Alaves at the Olympic Stadium in Montjuic, Barcelona, 02 February 2025. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Ламине Јамал, младиот напаѓач на Барселона, е едно од најголемите фудбалски откритија во последните години. Има само 18 години, а веќе постигна 27 гола и запиша 37 асистенции во 109 настапи за Барселона, додека за Шпанија одигра 23 натпревари, постигнувајќи шест гола.

„Златното момче“ е несомнено еден од најдобрите играчи во светот во моментов. Талентот на Барса втора година по ред ја освои наградата за најдобар фудбалер до 18 година и заврши на второто место во изборот за „Златна топка“ на Франс Фудбал.

И покрај одличните настапи, Јамал продолжува да го нервира тренерот на Барселона, Ханси Флик, и да привлекува внимание кое навистина не му е потребно со своето однесување надвор од теренот.

Неодамна, Јамал, и покрај тоа што беше повреден, сними телевизиска реклама, што предизвика негодување кај навивачите, а најмногу кај Флик. Неговото однесување предизвика загриженост за неговата професионалност и посветеност на фудбалот.

Флик имаше уште една средба со Јамал и овој пат му кажа дека таквите работи се непростливи и можат скапо да го чинат. Германскиот стручњак го убеди младиот Шпанец дека е лудо да работи на реклама додека е повреден.

Германскиот тренер постојано изјавуваше дека сака да ги заштити најперспективните млади играчи. Сепак, тој исто така ги потсетува дека успехот бара целосна дисциплина. За Флик, талентот не е доволен, професионализмот мора да се демонстрира во секое време.

Во овој контекст, тренерот изрази голем гнев кон Јамал. Со недели се шпекулираше за можно несогласување, но сега вистинската причина е позната. Конфликтот не започна на тренинг, туку надвор од теренот.

Дополнително, Флик беше лут што Јамал играше за Шпанија иако не беше подготвен и очекувано ги обвини Шпанската фудбалска федерација и шпанската репрезентација.

Флик имаше разговори лице в лице со Јамал, но снимањето реклама додека беше повреден беше сепак последна капка во чашата.

Флик верува дека ваквите ставови испраќаат погрешна порака до неговите соиграчи. За него, целосната рехабилитација треба да биде приоритет.

Придружбата на играчот објаснува дека снимањето било планирано со недели и секако немале начин да знаат дали тој ќе биде подготвен кога ќе дојде време за снимање на рекламата. И покрај сето ова, тренерот одбива да прифати изговори.

Ламин е фантастичен фудбалер и Флик сè уште не сака драстично да го казни, но наводно му дал последно предупредување и дека секоја понатамошна глупост би можела скапо да го чини.

Фудбалерот, кој има договор до летото 2031 година, вреди дури 200 милиони евра, а Барселона не сака да помисли на негова продажба.

Во новата сезона тој веќе има два гола и три асистенции во Ла Лига, каде што одигра три натпревари, а се очекува следната недела да се врати на зелениот терен.

 

ИЗДВОЕНИ