
Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека најголемата ѕвезда во тимот, 18-годишниот Ламин Јамал, побарал од клупските челници да ја продолжат соработката со полскиот интернационалец Роберт Левандовски. Искусниот напаѓач има договор со Барса до крајот на актуелната сезона, но во истиот има опција за продолжување на соработката за уште една сезона.











