Јам Мадар направи полн погодок со враќањето во својата татковина, во дресот на Хапоел Тел Авив. Минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во Европа, под водство на Димитрис Итудис, а оваа сезона се мачи со повреди.

Прво мораше да се оперира од слепо црево, а потоа коленото му предизвика проблеми. И покрај сето ова, Хапоел подготви нов петгодишен договор за него. Така, Мадар треба да заработува 8.500.000 евра според новиот договор што му е на маса.

Се очекува да се зголеми платата на поранешниот шампион на АБА-лигата од сегашните 1.200.000 на 1.700.000 евра.

ИЗДВОЕНИ