И тие си имаат своја публика во Македонија. А, тоа се тие по кои се крева правот. Со години на врвот на балканската музичка сцена, со безброј хитови и милионски прегледи на „Јутјуб“, музичкиот двоец на хип-хоп музичарите од Босна, Јала Брат и Буба Корели (на кои вистинските имиња им се Јасмин Фазлиќ и Амар Хоџиќ), стартува со големата „ГОАТ тур“ во чии рамки ќе посетат повеќе од 10 европски метрополи. Неизбежно, и македонската метропола Скопје. Стартуваат токму од кај нас, по што ќе следуваат настапите во Штутгарт, Загреб, Минхен, Виена, Цирих, Берлин… и многу други градови. Турнејата ја организира  платформата „Мјузик вик“. Омилените Босанци во Скопје ќе имаат концерт на 29 ноември, во С. Ц. „Јане Сандански“, истата вечер кога и другата босанска атракција, легендарната поп-група „Црвена јабука“ со Жера, во Арената „Борис Трајковски“. За настапот на Јала и Буба се очекува присуство на толпа нивни обожаватели не само од Македонија туку и од околните држави. Ветуваат дека ќе приредат аудиовизуелно шоу кое ќе ги помести сите граници и ќе ја држи публиката во салата скоро три саати на нозе. Никој нема да посака да седне бидејќи сите ќе бидат расположени за речиси тоа тричасовно танцување во жесток ритам на хип-хоп музика. Нивниот концерт ќе започне во 21.00 часот, а, пак, вратите ќе бидат отворени уште од 19.30 часот, сè со цел да се избегнат најавените турканици. (Д. М.)
За настапот на Јала и Буба се очекува присуство на толпа нивни обожаватели не само од Македонија туку и од околните држави. Ветуваат дека ќе приредат аудиовизуелно шоу кое ќе ги помести сите граници и ќе ја држи публиката во салата скоро три саати на нозе. Никој нема да посака да седне бидејќи сите ќе бидат расположени за речиси тоа тричасовно танцување во жесток ритам на хип-хоп музика. Нивниот концерт ќе започне во 21.00 часот, а, пак, вратите ќе бидат отворени уште од 19.30 часот, сè со цел да се избегнат најавените турканици. (Д. М.)






