Кандидатот на коалицијата „Искуство за успех“ за градоначалник на општина Капрош, Стевче Јакимовски, вечерва на прес-конференција соопшти дека влегува во втор круг и дека на 2 ноември ја очекува поддршката од сите опозициски сили.
„Влегуваме во втор круг. Од преброени над 40 отсто од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води со 266 гласа, што е речиси пата-пата. Јасно е изразена волјата на граѓаните. Гласовите на опозицијата се дупли во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам во вториот круг поддршка од сите опозициски сили. Карпошани се на пат да си го одберат своето достоинство, да победат резултатите, проектите, знаењето и одговорноста“, изјави Јакимовски.
Тој ја оцени изборната кампања како фер и демократска, и обвини за изборен поткуп во Злокуќани.
Јакимовски им се заблагодари за фер кампањата на своите противкандидати, Маја Мојсова од СДСМ, Антонио Димитров од Левица и на Невена Ѓорѓиева од независната листа.