Андреј Јакимовски со уште една маестрална партија потврди дека во иднина ќе биде лидер на оваа македонска кошаркарска репрезентација. Во победата против Ирска во Даблин, тој придонесе со 26 поени, пет скока и со четири асистенции.

  • Ова е многу важна победа за нас. Мечот беше физички тежок, знаевме дека играме на гости, дека судиите малку ќе бидат на страна на домаќинот, а исто и публиката. Но, најважно е што останавме докрај како тим. Нашата хемија ни помогна и можам да кажам дека се боревме во текот на целите 40 минути. Имавме проблем со дефанзивниот скок, тоа нè стави во ситуацијата во која бевме на стартот, но со некои детали, мали ситници, дојдовме до ептен важна победа. Си ја завршивме работата речиси 99 %, но ни следуваат уште два меча во февруари. Задоволен сум како одигравме, особено што бевме заедно краток период и немавме време да се подготвиме во целост. Ги искористивме сите работи максимално и дојдовме до важни бодови. Се надевам дека во февруари пак ќе бидеме комплетни. Ова беше уште еден чекор кон главната цел, тоа се квалификациите за ЕП 2029 – анализираше Јакимовски по дуелот во кој славевме со убедливи 88:76.

ИЗДВОЕНИ