Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски продолжува да бележи извонредни настапи за италијанскиот тим Тренто. Тој во победата над Бург на гости, во рамки на 10. коло во Еврокупот, запиша 30 поени, а придонесе и со седум скокови и три асистенции, и беше убедливо најдобар поединец на теренот со индекс од 29.

Инаку, Тренто му го нанесе само вториот пораз на Бург сезоната во Еврокупот, а, воедно, Италијанците дојдоа до петтата победа со исто толку порази и се наоѓаат на едно од местата што водат во плејофот.

ИЗДВОЕНИ