Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Јакимовски, со својот тим, Тренто, забележа убедлива победа против Бешикташ со 87:74 во рамките на 16. коло во Еврокупот.

Нашиот плејмејкер го заврши мечот со дабл-дабл ефект од 15 поени и 10 скока, а најефикасен од неговите соиграчи беше Стјуард со 19 коша.

Со овој триумф, Тренто е на добар пат да обезбеди најмалку плејоф на ова натпреварување, а има шанси да дојде и до четвртфиналната фаза доколку заврши на првите две позиции во групата-Б, во која моментно е четврти.

ИЗДВОЕНИ