Екипата на Тренто, за која игра и нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски, оствари нова победа во рамките на 18. коло од Еврокупот. Таа, на домашен терен во Италија, славеше над екипата на Улм со 76:68 и ја оствари 11. победа со која се искачи на петтото место на табелата.

Македонскиот кошаркар одигра 23 минути и повторно беше еден од најдобрите поединци во својата екипа. Тој реализираше 11 поени и 6 скока, што беше доволно за пласман втората фаза, односно во четврт-финалето.

ИЗДВОЕНИ