Во отсуство на Ненад Димитријевиќ, лидер на оваа селекција е Андреј Јакимовски, кој испорача дабл-дабл ефект од 25 поени и 11 скока на дуелот против Азербејџан.
- Ова е прв добар чекор за нас во овој циклус. Влеговме како фаворити и го оправдавме тоа. Има уште многу до нашата посакувана цел и до нашата посакувана форма. Но, како што кажав, ова е добар чекор кон тоа. На добар пат сме и се надевам дека во наредните циклуси ќе бидеме комплетни, сите заедно и нашиот фокус е на Ирска. Мислам дека се работи за посилна селекција од Азербејџан и нашиот фокус е таму, од ден на ден да бидеме подобри. Имав доста измешани емоции при кам-бекот во репрезентацијата. Сакав и претходно да играм, но поради некои оправдани причини, не можев. Среќен сум што сум тука, ќе се јавувам на повикот на селекторот ако сум подготвен и здрав. Задоволен сум како одиграв, иако секогаш може подобро – коментираше најдобриот поединец во победата над селекцијата на Азербејџан.











