Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски, по само неколку месеци минати во Германија се враќа во татковината и ќе го облече дресот на Охрид.
По успешните настапи за Вардар, десниот бек летово се реши за интернационален предизвик и потпиша за германскиот второлигаш Десау, но по краток период спогодбено го раскина договорот и одново ќе игра во македонската Суперлига.
Јагуриновски веќе неколку дена е во Охрид, а викендов ги следеше двата натпревари на неговиот нов клуб против Баки во второто коло од ЕХФ Купот.
Потписот на Јагуриновски доаѓа само еден ден откако Охрид го засили уште еден поранешен играч на Вардар – Младен Крсманчиќ.
Дваесет и седум годишниот бек во својата кариерата настапувал за Металург, Вардар, Еурофарм Работник, Пелистер, а кратко играше и за Акурејри од Исланд.