Во една од просториите на здравствена установа во Велес се одиграла вистинска драма – 31-годишен велешанец ја заклучил својата сограѓанка, кршел предмети, ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите. Жената успеала да побара помош, а напаѓачот е приведен од полицијата.
Како што информира МВР, pолициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.П.(31) од Велес по пријавата од 55-годишна велешанка. Жената пријавила дека М.П. на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите. Според пријавата, М.П. кршел предмети, физички ја нападнал и се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите.
М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












