четврток, јануари 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ја удирал со боксови и тупаници, а потоа ја силувал! Се бара...

Ја удирал со боксови и тупаници, а потоа ја силувал! Се бара притвор за 37-годишен скопјанец

137

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 37-годишен скопјанец под сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот на 21 февруари насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко. Тој ја принудил жртвата на сексуален однос против нејзина волја, додека таа се спротивставувала на неговите допири. Осомничениот физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и тупаници по главата и телото, како и со нога по лицето, по што жртвата почнала обилно да крвари. И покрај нејзините обиди да се оттргне и избега, насилно ја принудил на сексуален однос.

Поради опасност од бегство и можност за повторување на делото, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот.

ИЗДВОЕНИ