Ја реметат функцијата на тироидната жлезда: Шест намирници кои го отежнуваат лекувањето на хипотироидизмот

191
Foto: Printscreen/YouTube

Хипотироидизмот е состојба во која тироидната жлезда не произведува доволно хормони што му се потребни на телото. Ова предизвикува нарушувања во хемиските процеси во телото, а доколку не се лекува, може да придонесе за дебелина, болки во зглобовите и проблеми со срцето.

Зелен лиснат зеленчук
Зеленчукот како брокула, зелка, кељ и прокељ, може да го намали производството на тироидни хормони, особено кај луѓе со недостаток на јод.

Готвењето го намалува овој ефект, а препорачаната количина е до околу 140 грама дневно.

Глутен
Протеините што се наоѓаат во пченицата, ‘ржта и слични зрна може да ги иритираат цревата и да го отежнат апсорбирањето на хормоните.

Ако јадете глутен, подобро е да изберете производи од цело зрно. Исто така, лековите за тироидна жлезда треба да се земаат неколку часа пред или по оброк богат со растителни влакна.

Mрсна храна
Мастите можат да влијаат на апсорпцијата на хормони и да го намалат природното производство на тироидни хормони. Треба да избегнувате пржена храна и да ги ограничите мастите од путер, мајонез и масното месо.

Шеќер
Кај хипотироидизам, метаболизмот се забавува, што може да доведе до зголемување на телесната тежина. Се препорачува да се намали или целосно да се елиминира храната со висока содржина на шеќер.

Кафе
Кафето (кофеинот) може да влијае на апсорпцијата на хормоните од лековите и природниот хормон Т4 во желудникот. Лековите треба да се земаат со вода, а кафето треба да се избегнува најмалку 30 минути пред и после.

Преработена храна
Обично содржи многу сол, што го зголемува ризикот од висок крвен притисок, особено кај луѓе со хипотироидизам. Се препорачува да се изберат производи со што е можно помалку натриум, максимум 1.500 мг на ден.

Овие намирници можат да го отежнат природното производство на хормони и апсорпцијата на лековите. Нивното ограничување или избегнување помага во контролата на хипотироидизмот и подобрување на ефикасноста на терапијата.

ИЗДВОЕНИ