Само еден месец по освојувањето на Евролигата, екипата на Фенербахче целосно се распаѓа на играчки план. Веќе е јасно дека следната сезона ќе видиме сосема поинаков тим под водство на Шарунас Јасикевичиус, бидејќи клучните играчи си заминуваат еден по друг, што е само уште еден доказ за слабоста на европската кошарка.

Прво Марко Гудуриќ „се повлече“ бидејќи се договори со Олимпија од Милано, но всушност, најголемиот проблем за Фенербахче беа НБА-клубовите кои го нудеа она што Турците не можеа. Најџел Хејс-Дејвис веќе ја прифати понудата од Финикс Санс, додека Тарик Биберовиќ исто така ќе замине во НБА. Долго време се зборуваше за талентираниот кошаркар на Фенербахче, се лицитираше за него, а сега пристигна информација дека ќе потпише за Мемфис и официјализирањето на соработката се очекува во секој момент.

Покрај нив, заминува и Ерик Меколум, кој наводно ќе се приклучи на Галатасарај, а истекуваат договорите на Мелих Махмутаоглу, Кем Берч, Сератч Шанли…

Затоа Фенербахче ќе мора да доведе сериозни засилувања, доколку сака да ја одбрани титулата во најквалитетното кошарскарско натпреварување во Европа.

ИЗДВОЕНИ