Италијанскиот кошаркарски стручњак, Андреа Тринкиери, би можел да остане во Евролигата и во новата сезона. Тој е фаворит за тренерската позиција во новиот член на Евролигата, тимот на Дубаи.

Клубот од ОАЕ ќе дебитира на најпрестижното клупско натпреварување на Стариот Континент во новата сезона, а негов тренер би можел да биде Андреа Тринкиери, кој беше отпуштен од Жалгирис.

Тринкиери го освои литванскиот шампионат со Жалгирис, а само еден ден подоцна, соработката меѓу него и „зелените“ заврши. Покрај гореспоменатата шампионска титула, тој му донесе на Жалгирис два купа, а минатата сезона во Евролигата заврши на 13. Место, со скор 15:19.

ИЗДВОЕНИ