Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети сезоната ја заврши во првите десет игречи во светот оваа година, дебитираше на завршниот Мастерс, а сега откри за „Спацио тенис“ дека и тој има проблеми со темната страна на социјалните мрежи.
– Разбирам дека не може секој да биде задоволен на тениско ниво, но кога станува збор за човечко ниво, тоа е нешто друго – осмиот рангиран тенисер во светот ги објаснува тешкотиите со кои се соочува. Тој не е единствениот, но тоа не значи дека таквото однесување не треба секогаш да биде стигматизирано.
– Не го разбирам значењето на сите тие навреди, особено кога се однесуваат на мојата девојка. Затоа ги отстранив сите луѓе што не ги следам од мојот профил. Не сакам да добивам повеќе навреди од луѓе кои губат облози и мислат дека продавам натпревари, кажа Муети.
А неговата девојка е една од причините зошто тој не игра на Дејвис купот во Болоња.
– Наскоро треба да станеме родители по втор пат и сакам да бидам со совјата партнерка.
Музети има 23 години, една година е постар од Карлос Алкараз и една година помлад од Јаник Синер. Тоа го става во позиција да ги предизвика, можеби не веднаш, но во иднина.
– Оваа година направив голем скок напред и се зближив со нив. Но, тие се еден чекор пред сите. Тие докажаа дека го заслужуваат тоа.

Неговата проценка за најголемите ривали е интересна:
– Синер е подобрена верзија на Ѓоковиќ. Тој игра помодерно, удира посилно, и е поагресивен. Алкараз е поталентиран, а неговата игра е поблиска до уметноста. Затоа има подеми и падови, како и секој уметник. Речиси е невозможно Јаник да изгуби од послаб тенисер, додека тоа му се случува на Карлос. Го видовме тоа во Париз против Камерон Нори во првиот натпревар – објасни тој за „Tennis World Italy“.
Тој откри и во што најмногу напредувал:

– И во тенисот и психичкиот. Успеав да ги надминам нападите на паника што ги имав. Беа толку силни што понекогаш не можев да здивнам. Беше како некој да ми забоде нож во стомакот. Се навредував себеси кога играв лошо. Моите противници го видоа тоа и го искористија против мене. Ако не можеш да ги скриеш своите чувства, тогаш или го губиш натпреварот или мора да се повлечеш. Нема алтернативни стратегии.












