
Пријателскиот натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Јувентус одигран пред неколку дена на „Сигнал Идуна Парк“ заврши со победа на гостите од 2:1, а во центарот на вниманието беше Матс Хумелс.
Андреа Камбијасо ги постигна двата гола за Јуве, првиот во 16-тата минута и вториот во 53-тата минута. Борусија успеа да го ублажи поразот со голот на Максимилијан Бајер во 89-тата минута.
Во првите 19 минути од натпреварот, посебна почит му беше оддадена на Матс Хумелс, поранешниот капитен на Борусија кој ја носеше капитенската лента сè додека не беше заменет. Легендарниот централен бек играше за „милионерите“ вкупно 14 години во два мандата, а во април го објави крајот на кариерата.
Поранешната сопруга на светскиот шампион од 2014 година, Кети, и нивниот син Лудвиг, не беа присутни на натпреварот. Според поранешната сопруга, 7-годишниот син на Хумелс дознал за прошталниот натпревар на својот татко од весникот.
„Да бидеме јасни, не го пропуштивме намерно прошталниот натпревар на Матс. Намерно му го покажав весникот на мојот син за да може да дознае. Причината зошто не бевме таму е многу едноставна: не бевме поканети и не знаевме ништо“, напиша поранешната сопруга на Хумелс на социјалните мрежи.
На прошталниот натпревар на Хумелс присуствуваше неговата сегашна девојка, 26-годишната Никола Каванис. Кети и Матс беа заедно 15 години, се венчаа во 2015 година и се разведоа во 2022 година.
Ако ништо друго, Матс Хумелс требало да биде внимателен кон својот син и да го покани на натпреварот каде што Германецот се збогува. Наместо да биде на стадионот, Кети потврди дека била на одмор со Лудвиг на езерото Кимзе во Баварија.
Хумелс наводно одбил да коментира кога бил контактиран од БИЛД, a Кети претходно тврдеше во интервју за еден германски весник дека „го одгледува својот син повеќе или помалку сама“
Во текот на својата кариера, тој освои пет титули во Бундеслигата, две со Борусија и три со Баерн, заедно со три германски купови и пет Суперкупови. Хумелс беше член на германската репрезентација која го освои Светското првенство во 2014 година, додека со Дортмунд двапати беше второпласиран во Лигата на шампионите, во 2013 и 2024 година.
Последниот клуб во неговата кариера беше италијанската Рома и тоа беше неговото единствено искуство играјќи надвор од Германија.