Големата НБА-ѕвезда Бен Симонс, го стави на чекање своето потенцијално враќање во кошарката и моментно се стреми кон новата кариера во животот – професионален риболов. Тој стана сопственик на тимот „Саут Флорида сеилс“, кој се натпреварува во Спортското првенство за риболов (СФЦ).
СФЦ, основана во 2021 година, е професионална лига за риболов во солени води, која обединува 16 елитни клубови за риболов. Симонс, трикратен НБА ол-стар (од 2019 до 2021 година), го одигра својот последен натпревар за ЛА Клиперс на 13 април, против Голден стејт, завршувајќи го својот краток престој во Калифорнија со едногодишен договор вреден најмалку 1,1 милион долари.
- Не мислам дека има смисла само да заземам место за да бидам таму. Мислам дека е малку себично, но сакам да го достигнам врвот на моите способности и на мојата физичка подготвеност за да можам да се натпреварувам. Инаку, тоа не ми прави ништо добро – истакна Симонс, додавајќи дека, можеби, ќе се врати на средината од сезоната, ако не и следната.











