Поранешниот извршен директор на „Фајбербонд“, со седиште во Луизијана, им исплатил бонуси во вкупен износ од 240 милиони долари на вработените откако ја продал компанијата за 1,7 милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“.
Греам Вокер, тогашниот извршен директор на „Фајбербонд“, се погрижил 15 проценти од продажната цена да им припадне на вработените, иако тие не поседувале акции во компанијата.
Договорот бил постигнат претходно оваа година кога „Фајбербонд“ бил купен од „Итон“.
Бонусите биле распределени меѓу 540 вработени со полно работно време, во просек околу 443.000 долари по вработен, кои требало да се исплаќаат во следните пет години.
Според весникот, вработените со подолг работен стаж добиле значително повисоки износи.
Вработените почнале да добиваат запечатени писма во јуни со детали за нивните индивидуални бонуси.
Компанијата „Фајбребонд“ е основана во 1982 година од таткото на Вокер, Клод Вокер, и во текот на децениите работење, компанијата помина низ период на силен раст, но и сериозни кризи, вклучувајќи голем пожар во 1998 година и пад на побарувачката по пукањето на дот-ком балонот во раните 2000-ти.












