Во периодот јануари – декември 2025 година, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и со Србија, кои заедно сочинуваат 47,8 % од вкупниот обем на надворешната трговија на Република Македонија. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 % во вкупната трговска размена.
Според податоците на Државниот завод за статистика, трендот на раст на извозот и на увозот продолжил и во 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки достигна 9,05 милијарди долари, што претставува зголемување од 7,4 % во споредба со 2024 година. Од друга страна, увозот на стоки изнесува 13,05 милијарди долари, што е за 9 % повисоко од претходната година.
Во структурата на извозот најголемо учество имаат: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, возила, авиони и бродови, како и деловите на седишта од подгрупата 821.1.
Кај увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивните легури, платината и нејзините легури, како и други моторни возила за пренос на лица.
Растот на извозот и на увозот покажува стабилна динамика на македонската надворешна трговија и е потврда за продолжениот интерес за економските производи од земјава на глобалните пазари.












