Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, што се одржа вечерва, имаше за цел да се утврди заеднички план за дејствување доколку Вашингтон не успее да постигне договор со Иран, објави израелската телевизија Канал 12, повикувајќи се на неименувани американски и израелски извори.
Неименуваниот американски функционер изјави дека Вашингтон е скептичен во врска со можноста за постигнување договор со Иран, дури и таков што ќе се фокусира исклучиво на нуклеарната програма на Иран, и соодветно на тоа, централната цел на состанокот е да се договори план за дејствување во случај да не се постигне договор.
Тој додаде дека евентуален заеднички напад на САД и Израел врз Иран би бил многу поефикасен.












