Извод на новороденче во болница, пријавувањето по автоматизам, најави Министерството за дигитализација за од Нова Година. Вадењето извод на новороденче преставува проблем на родителите бидејќи мораат во ред да чекаат и по неколку часови, само да ги поднесат личните податоци на шалтерот на матично, а потоа прашање на време е кога ќе биде изготвен документот и дали правилно ќе бидат впишани генералиите на новороденото. Родителите ќе мора да креираат личен профил на ниско ниво на интернет страницата uslugi.gov.mk
–Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство – Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од матична книга на родени за новороденчиња (Проект: е-бебе) – се наведува во соопштението на Министерството.
Проектот е-бебе, кој е поддржан и од канцеларијата на УНИЦЕФ, предвидува првиот извод родителите да го добијат во болница, најдоцна до 48 часа од раѓањето на бебето.
–Во втората фаза на проектот се поврзуваат и услугите за здравствено осигурување од Фондот за здравство, како и услугите на помош за новороденче кои ги издаваат Министерството за социјална политика, демографија и млади – се додава во соопштението.
Се појаснува дека од родителите ќе се бара да имаат профил на ниско ниво на Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk. (П.А.)