Известувач на ОН: Состојбата со човековите права во Русија се влоши од почетокот на војната во Украина

25

Состојбата со човековите права во Русија се влоши од почетокот на војната во Украина, изјави специјалниот известувач на Обединетите нации (ОН), наведувајќи ја особено употребата на тортура и вмешаноста на медицински професионалци во злоупотребите.

Специјалниот известувач на ОН за состојбата со човековите права во Русија, Маријана Кацарова, нагласи дека руските власти систематски ги потиснуваат критичарите од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

„Состојбата со човековите права постојано се влошува“, рече таа во својот извештај, кој беше објавен минатата недела и ќе биде презентиран пред Советот за човекови права на ОН во понеделник.

„Во овој период, руските власти ги интензивираа кривичните гонења, долгите затворски казни, заплашувањето, тортурата и злоупотребата за да ги замолчат оние кои се противат на војната“, се наведува во извештајот, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ