Извештај на ЦИА: Иранската револуционерна гарда дејствува во Босна и Херцеговина

96

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) објави ажуриран безбедносен извештај во кој се наведува дека Корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран дејствува во Босна и Херцеговина, објавија во среда медиумите во Република Српска.

Во делот посветен на терористичките организации, се наведува дека „Корпусот на исламската револуционерна гарда – Кудс силите дејствуваат во Босна и Херцеговина“, пренесува RTRS.

ЦИА наведува дека целите на оваа организација се „да ја заштити Иранската исламска револуција и држава, да го прошири иранското влијание, да обезбеди внатрешна безбедност, вклучително и контрола на границите, и да влијае на иранската политика, економија и надворешна политика“.

Стејт департментот на САД го стави Корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран на својата листа на странски терористички организации на 15 април 2019 година.

ИЗДВОЕНИ