четврток, февруари 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Изречени казни при контрола на кумановските угостители

Изречени казни при контрола на кумановските угостители

81

Повеќе казни биле изречени поради утврдени неправилности при контрола на четири угостителски објекти во Куманово изминатиот викенд.

– Врз основа на претходно изготвен план, на 18.04.2025 во временски период од 19 до 24 часот, од страна на припадници на ОКП при СВР Куманово, во  рамки на РОА „ЕМЕЛ“, а во содејство на инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршена е контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово – информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат дека при контролата на угостителските објекти извршено е легитимирање на 11 лица, а извршен е преглед на седум лица, од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се 14 глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречени се пет глоби на четири правни и физички лица.

 

 

ИЗДВОЕНИ