среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на Законот за јавна чистота

Изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на Законот за јавна чистота

29

Општина Аеродром спроведува засилен инспекциски надзор за прекршување на Законот за јавна чистота.

Имено, на компанија ѝ е изречена глоба од 1.000 евра и 300 евра за одговорното лице, поради прекршување на Законот за јавна чистота.

– При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава дополнително загадување – информираа од Општина Аеродром.

Оттаму се децидни и велат дека нема да се дозволи несовесно постапување, а прекршувањата ќе се санкционираат строго и без исклучок.

– Во наредниот период ќе продолжат и дополнително ќе се интензивираат контролите на сите активни градилишта. Особено внимание ќе се посвети на почитувањето на мерките за заштита на животната средина, спречување на загадувањето и несоодветното одлагање отпад, одржувањето чиста и безбедна околина околу градилиштата, како и на заштитата на јавните површини од узурпација – нагласуваат од локалната самоуправа.

Оттаму упатија апел до сите изведувачи и инвеститори да ги исполнуваат своите законски обврски.

– Само со дисциплина и одговорност можеме да обезбедиме уредна, чиста и безбедна средина за сите жители на Аеродром – сметаат о општинските власти.

 

ИЗДВОЕНИ