вторник, јули 21, 2026
Дома СВЕТ Израелските затвори со Палестинци ќе ги чуваат крокодили: Морбиден план на министерот...

Израелските затвори со Палестинци ќе ги чуваат крокодили: Морбиден план на министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир

66

Израелската министерка за животна средина, Идит Силман, ги прекласификува крокодилите од диви животни во култивирани диви животни. Со тоа излезе во пресрет на идејата на крајнодесничарскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, кој во декември предложи поставување крокодили околу затвор за палестински притвореници, сличен на американскиот центар за притвор на мигранти во Флорида, наречен „Алигатор Алкатраз“.

Со новата класификација би можело да се дозволи одобрена безбедносна организација да ги чува нилските крокодили за безбедносни цели, под услов владата да одобри и да ги исполнува условите утврдени од еколошките власти.

Израелските медиуми објавија дека Бен-Гвир има намера за почеток да користи крокодили за чување на затворот „Кециот“ во јужен Израел, во кој првенствено има палестински затвореници. Администрацијата на овој затвор го разгледа предлогот на министерот и ги испрати своите полицајци на фармата за крокодили за да се запознаат со овие влекачи. Планот е да се ископа живеалиште за крокодили околу затворот, што треба да функционира како пречка за бегство.

Во објавата на „Фејсбук“, Бен-Гвир напиша: „Дали размислувате да се обидете да избегате? Размислете повторно“. Тој ја придружи објавата со слика од себе со крокодил на поводник, генерирана од вештачка интелигенција.

Израелскиот „Канал 13“ објави дека израелскиот орган за природа и паркови се изјаснил против предлогот на Бен-Гвир кога тој првпат ја изнел идејата минатата година. Став на Управата е дека крокодилите се диви животни кои е дозволено да се чуваат само во зоолошки градини и резервати. Исто така, наведени се и претходните проблеми со одгледувани крокодили кои бегаат во дивината и претставуваат ризик за човечките животи. Меѓутоа, таа правна пречка е отстранета неделава, кога министерката за животна средина го преквалификува нилскиот крокодил во „одгледувано диво животно“. Таа класификација им овозможува на овие влекачи да се држат во поширок спектар на објекти, вклучувајќи и затвори.

„Канал 13“, исто така, објави дека идејата „наишла на потсмев од неколку службеници“ во израелската затворска служба, пренесе „Дојче веле“.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ