По два брана израелски напади врз Иран и едно возвраќање на нападите од таа земја, Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија мапа на напади со беспилотни летала досега.
Израелските воздухопловни сили продолжуваат со нападите врз Иран, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИЗФ), бригаден генерал Ефи Дефрин, на прес-конференција.
„Во овој момент, Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат да го спроведуваат планот за напад за да ги постигнат целите на операцијата, додека силно го бранат Израел“, рече тој, а пренесе „Тајмс оф Израел“.
אילוסטרציה של תקיפות צה״ל באיראן עד כה pic.twitter.com/QPpjx3atxN
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) June 13, 2025
На прашањето колку дена Израел очекува балистичка ракетна активност од Иран, Дефрин одговори: „Операцијата штотуку започа“, додавајќи дека војската ги следи иранските планови и „се подготвува за ирански одговор“.
Во меѓувреме, сателитските снимки наводно покажуваат значителна штета на нуклеарниот погон Натанц.