Израелски пратеник на телевизија: Убивме речиси 100 луѓе во Газа синоќа, никому не му е гајле

51
screenshot X.com

Член на израелскиот парламент и претставник на радикално десничарската ционистичка партија, Цви Сукот, изјави во живо во емисија дека Израел убил повеќе од сто жители на Газа преку ноќта – и дека никому не му е гајле.

За време на дебатата на израелскиот Канал 12 со коментаторот Хаим Левинсон, Сукот рече дека израелските безбедносни сили се способни да дејствуваат на повеќе фронтови истовремено и да користат сила каква што „не можел ни да замисли“ кога оваа влада беше формирана пред повеќе од две години.

„Синоќа беа убиени речиси 100 жители на Газа. А прашањето што ми го поставивте нема никаква врска со Газа. Дали знаете зошто? Затоа што никому не му е гајле. Сите се навикнаа на фактот дека можеме, среде војна, да убиеме 100 луѓе во Газа за една ноќ, а никому не му е гајле“, рече Сукот, очигледно алудирајќи на фактот дека настаните од војната, кои некогаш привлекуваа големо внимание во Израел и во светот, денес минуваат речиси без реакција, објавува „Тајмс оф Израел“.

ИЗДВОЕНИ