Израелски напад на болницата во Газа: Загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и четворица новинари

13
Screenshot / Al Jazeera

Во израелските напади врз болницата „Насер“ во Газа во понеделникот се убиени најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, од кои еден работеше за Ројтерс, соопштија палестинските здравствени претставници.

Снимателот Хусам ал-Масри, кој беше соработник на Ројтерс, беше убиен во првиот напад, соопштија официјални лица. Фотографот Хатем Халед, исто така соработник на Ројтерс, беше ранет во вториот напад, додадоа официјалните лица.

Израелската армија сè уште не го коментирала нападот врз болницата Насер во Газа.

Палестинската новинска агенција (ВАФА) вчера објави дека израелските војници смртно го застрелале палестинскиот снимател Калед ал Мадхун. Инцидентот се случи во близина на преминот Зиким, каде се дистрибуира хуманитарната помош.

Палестинскиот синдикат на новинари соопшти дека од почетокот на војната 7 октомври 2023 година во израелските напади врз Појасот газа загинале повеќе од 240 палестински новинари и медиумски работници.

Според податоци на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) од почетокот на војната во Појасот Газа до 11 август во израелските напади загинале Израел 274 новинари и медиумски работници, од кои 269 биле Палестинци.

ИЗДВОЕНИ