Израелски министер во 2024 година: „Би било “морално“ да се изгладнуваат жителите на Газа, но светот нема да го дозволи тоа“ – светот го дозволи тоа во 2025 година

76
EPA/HAITHAM IMAD

Изгладнувањето на луѓето од Газа, изгладнувањето на десетици деца до смрт е злосторство, a парадоксот е што израелските власти го објавија ова минатата година, а денес светот дозволи тоа да се случи.

Во август 2024 година израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, рече дека е „можеби праведно и морално“ да се изгладнуваат два милиони жители на Газа додека не се вратат израелските заложници, но дека никој во светот нема да им дозволи да го сторат тоа.

Помалку од една година подоцна, светот го дозволи и продолжува да го дозволува токму тоа. Она што изгледаше невозможно, барем во теорија, се случува. Израел изгладува два милиони луѓе во Газа, додека светот дозволува дехуманизацијата да продолжи, пишува Кликс.ба.

Во Газа, 127 луѓе починаа од глад, од кои 85 беа деца. Бројот на деца кои страдаат од неухранетост брзо се зголемува во последните недели.

По завршувањето на последното примирје во март, Израел целосно го суспендираше влезот на храна, лекови, гориво и други залихи во Газа два и пол месеци, велејќи дека сака да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците. Оттогаш, Израел испорачува само дел од хуманитарната помош за Газа.

ИЗДВОЕНИ