Израелски министер ги повика Евреите да се иселат од Њујорк поради изборната победа на Мамдани

352
Фото: EPA/SARAH YENESEL

Израелскиот министер за дијаспора и антисемизам Амихај Чикли ги повика денеска Евреите да се отселат од Њујорк по изборот на Зохран Мамдани за градоначалник, пренесе „Бета“.

„Градот кој некогаш беше симбол за слобода за светот, тукушто ги предаде своите клучеви на приврзаник (на палестиското исламистичко движење) на „Хамас“, напиша Чикли на платформата „Икс“.

„Њујорк никогаш повеќе нема да биде ист, посебно за својата еврејска заедница“, оцени тој.

Тој десничарски министер, познат по радикалните изјави, ги повика њујоршките Евреи сериозно да размислат Земјата Израел да стане нивен нов дом“.

Министерот за безбедност на Израел Итамар Бен-Гвир го повтори тој став, нарекувајќи го новиот градоначалник на Њујорк „антисемит“.

„Антисемитизмот преовлада над здравиот разум. Мамдани е приврзаник на „Хамас“, непријател на Израел и отворен антисемит“, рече Бен-Гвир.

Во израелската опозиција, лидерот на десничарската националистичка партија Авигдор Либерман рече дека „Њујорк избра расист, популист и отворен шиитски исламист за свој градоначалник“.

Ни канцеларијата на Бенјамин Нетанјаху, ниту Министерството за надворешни работи на Израел засега не ги коментираа резултатите од изборот за градоначалник на Њујорк.

Мамдаини, приврзаник на барањето на Палестинците, во последните месеци повеќе пати зборуваше против антисемитизмот, но осудувајќи ја исламофобијата која, како што вели, ја доживеал.

Ставовите на Мамдани за Израел дека е управуван од „режим на апартхејд“ и чија офанзива во Појасот Газа ја осуди како геноцид, предизвикаа силни реакции, вклучително и незадоволство од делови од еврејската заедница.

Офанзивата беше започната на 7 октомври 2023 година, како одговор на невиден напад на Хамас на израелска територија.

Мамдани, член на левичарската опозициска Демократска партија, ќе стане првиот муслимански градоначалник на Њујорк кога ќе ја преземе функцијата во јануари.

Јасната изборна победа на Мамдани дојде и покрај нападите врз неговата политика и неговото муслиманско потекло, особено од деловната заедница, конзервативните медиуми и американскиот претседател Доналд Трамп, кој е негова главна цел во неговата борба против привилегиите за богатите, што е еден од камен-темелниците на политичката програма на Мамдани.

Трамп интервенираше во последен момент од изборната кампања во Њујорк во вторникот, велејќи дека Мамдани „ги мрази“ Евреите.

ИЗДВОЕНИ